DREAMY ACCOMMODATION

Хотел Панорамика Дизајн & Спа располага со мени со оригинални рецепти, високо квалитетни состојки, македонска и медитеранска кујна со модерен пристап. Гостите во новиот ресторан имаат единствена можност да ги вкусат јадењата кои се стандардни во македонската и медитеранската кујна.
Стилскиот ресторански простор, внимателно избраниот мебел, дискретната и пријателска услуга, го комплетираат искуството да се вечера во место што изгледа како да ја раскажува историјата на модерната македонска и медитеранска гастрономија преку своите најдобри цитати.

Лоби барот во Хотел Панорамика е идеален за кафе, состанок, дури и за лесен оброк..Исто така, е одлично место за релаксација и уживање во последниот пијалок кон крајот на денот.
Работно време : 08:00-23:00

ИСКУСТВО НА БУДЕЊЕ
Влезете во светот на Спа и велнесот каде можете да одберете третман од широкиот ранг што се нуди во нашиот спа центар. Дозволете си себеси да се препуштите во рацете на нашите искусни терапевти и не ја пропуштајте можноста да ги зајакнете своите сетила и да го подобрите Вашето расположение. Уживајте во позитивната аура создадена од фината селекција на архитектонски избор и единствениот, елегантен дизајн.

-Панорамика Фитнес Центар-
ОБНОВЕТЕ ГО ВАШИОТ УМ, ТЕЛО И ДУХ НА ПАТУВАЊЕТО ДО ВИСТИНСКИОТ Велнес
Дали сакате да го започнете Вашиот ден со кратка програма на вежби? Можеби група од вежби што ќе Ви ја одржи фит формата? Што и да преферирате, сигурно е дека во Панорамика можете да се запознаете со светот на фитнесот, релаксацијата и подмладувањето.