Хотел Панорамика

Каде што и најпосакуваните очекувања се исполнети

Откријте го нашиот елегантен, фамилијарен хотел во центарот на градот – совршено место да го искусите сето она кое градот Скопје има да го понуди!

Панорамика значи поглед од широк агол на просторот, вклучувајќи задоволство, уживање, радост и многу други работи кои Ве носат поблиску до среќата. Нашата инспирација беше иницирана од овој посебен збор и нашиот Хотел беше именуван по него!

Хотел Панорамика Дизајн и Спа, гостољубив и аристократски, Ве очекува да Ви посака добредојде во срцето на градот. Модерен по својата архитектура и дизајн, прекрасно измешан со природата на убавата планина Водно, елегантниот луксуз на хотелот е надополнет со магичниот поглед на градот, кој може да се ужива од неговите соби и апартмани.

Бањите обложени со мермер, меките душеци, софистицираниот мебел, тоа се само мал дел од деталите кои го прават Хотел Панорамика Дизајн и Спа место пријатно за луксузно уживање. Удобностите на нашиот хотел нема да Ве остават да посакате нешто повеќе. За Вашиот комфор и уживање тука ќе најдете бесплатна wi-fi интернет конекција, електронски сефови со големина на лаптоп, мини бар и целосно опремени бањи со фен, бањарки и папучи, козметичко огледало и многу повеќе.

На пешачка оддалеченост од сите позначајни знаменитости како Меморијалната куќа на Мајка Тереза, Камениот мост, Археолошкиот музеј, Тврдината Кале, истовремено лесно достапни со автомобил или јавен транспорт, Хотел Панорамика Дизајн и Спа е идеалниот хотел за Вашиот престој во Скопје, без оглед дали сте тука за бизнис или одмор.

Поминете еден летен ден во нашиот отворен кафе бар, впивајќи го сонцето на Скопје додека се издига над Милениумскиот крст, или поминете го во шопинг во некоја од градските продавници, пазари и шопинг центри. Загрејте се во хотелската сауна и релаксирајте се после напорниот работен ден или ослободете ја Вашата енергија во нашата сала за вежбање. Уживајте во нашата современа и вкусна Македонска и Медитеранска кујна во нашиот Panoramika a la carte ресторан.

Хотел Панорамика Дизајн и Спа се наоѓа на падините на планината Водно, еден од најбогатите региони во Скопје. Хотелот е сместен помеѓу најпознатите амбасади, дипломатски резиденции, вили итн., и нуди прекрасен поглед кон градот Скопје. Убавината на планината Водно се претопува во урбаната панорама, нудејќи во исто време во непосредна близина топ кулинарски места за незаборавно искуство, како и најдобрите атракции за посета.
Добре дојдовте во Хотел Панорамика Дизајн и Спа Skopje. Добре дојдовте во гостопримството кое го заслужувате.

-Хотел Панорамика Внатрешен дизајн-

УНИКАТЕН КАРАКТЕР КОЈ ЖИВЕЕ ВО ХАРМОНИЈА СО УМЕТНОСТА

Хотел Панорамика Дизајн и Спа ја илустрира моќта на минимализмот и ги вклопува елементите кои даваат боја, живот и динамика. Врамени од уникатното светло на градот Скопје, секој детаљ во хотелот е уникатен со автентична уметност и дизајн.

Каде соништата живеат и емоциите се родени

Hotel Panoramika Design & Spa е резултат на чиста инспирација.
TВистинската душа на градот Скопје се рефлектира за прв пат преку исполнувањето на оваа визија, онаа која е верна на модерниот архитект и која го чествува модерниот дизајн и современиот уметнички талент. Сепак, највпечатливиот аспект од хотелот Панорамика е неговото чувство на добредојде – тогаш вистинската магија се случува. Гостите си заминуваат пријатно изненадени и среќни, наполнети со емоции од едно исклучително искуство.

ПРЕСТОЈ

Уживајте во неверојатниот панорамски поглед од секој кат на Хотел Панорамика Дизајн и Спа, кој Ви нуди 29 стилски уредени хотелски соби и 2 апартмани.
Ќе го пронајдете нашиот неспоредливо уникатен стилски концепт, нашата искрена гостољубивост, извонредната локација, луксузното сместување, елегантниот амбиент и погледот кој ќе Ви го земе здивот.

Be informed!

Subscribe and get exclusive offer!

Your Information will never be shared with any third parthy
x